На лето би можеле да ввидеме размена помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, стаува збор за Феран Торес и Јаник Караско.
Шпанските медиуми денес пренесуваат дека Барселона и Атлетико се заинтересирани за ваква соработка, а проблем би можел да биде само Торес. Неговиот сон е да успее во Барселона, иако досега не ги оправда очекувањата, а платен беше дури 55 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Караско на лето влегува во последната година од договорот со Атлетико, освен тоа Барса има посебна клазула да може да го доведе за 15 милиони евра. Таа клазула беше додадена при трансферот на Мемфис Депај.
Во Барса сепак веруваат дека можат да избегнат било каква оштета, но можеби и да добијат одредена сума од Атлетико со голед на тоа дека Торес е многу помлад.
За Караско сигурно Барселона би била најголем предизвик во кариерата и последна шанса да се покаже во силно светло на европска сцена. Торес во Атлетико би имал значително поголема улога, па останува да се види дали би ја прифатил понудата.