Името на Лука Модриќ после големата победа на Хрватска над Аргентина се споменува во сите светски медиуми.
Фантастичниот играч за врска ја предводи Хрватска до одлични резултати на Мундијалот во Русија, каде што на последниот натпревар ја совладаа Аргентина со 3:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многумина најголеми заслуги за оваа голема победа препишуваат токми на Лука Модриќ.
Дека Лука е исклучително почитуван и во соблекувалната на Хрватска зборува и изјавата на Дејан Ловрен кој тврди дека доколку Модриќ би бил Германец или Шпанец сигурно би ја освил Златната топка.
„Одлично е да се игра со Лука, тоа е вистинско уживање. Тој како играч заслужува многу повеќе внимание. Доколку беше во Германец или Шпанец сигурно би бил помеѓу топ 3 играчи во светот. Верувам дека би успеал да ја освои и Златна топка. Сепак, ние сме Хрвати и малку поинаку се гледа на сите нас на Балканот. Лука Модриќ во овој момент е најдобриот играч за врска во светот“, изјави Ловрен.