Дома Трансфер зона Модриќ може да остане во европскиот фудбал: Познати понудите од два клуба

Модриќ може да остане во европскиот фудбал: Познати понудите од два клуба

Германскиот „Билд“ денеска тврди дека Лука Модриќ има повеќе опции за продолжување на кариерата ако се потврдат најавите дека ќе го напушти кралскиот клуб ова лето.

Модриќ го носи дресот на Реал Мадрид 12 години и оваа година може да биде негова последна. Најмногу Хрватот се поврзуваше со клубови од Саудиска Арабија и МЛС лигата, но изгледа ќе има опции и да остане во европскиот фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германците пишуваат дека капитенот на репрезентацијата на Хрватска сигурно ќе има понуди од европските клубови. Летото ќе го донесе одговорот на прашањето каде ќе продолжи Модриќ и дали ќе замине, меѓутоа сега се откриваат детали за понуди од Турција.

Наводно, Фенербахче и Галатасарај припремаат понуда за хрватскиот играч за врска и тие понуди се еднакви или слични. Двата турски клуба наводно се спремни да му понудат договор на една година со опција за продолжување на дополнителна сезона и годишни примиња од 3.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…