Хрватскиот капитен Лука Модриќ денеска изјави дека сигурно ќе игра за својата репрезентација до завршниот турнир од Лигата на нации.
Модриќ зборуваше на прес-конференција во пресрет на почетокот на квалификациите за Европското првенство и натпреварот против Велс во сабота од 20:45 часот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Толку многу ме прашувате, како да сакате што поскоро да заминам? Кажав и претходно дека ќе играм до крајот на Лигата на нации, а потоа ќе видиме за понатаму“, изјави Модриќ.
Многу се зборува за неговата иднина во Реал Мадрид.
„Моја желба е да останам во Реал, се надевам и верувам дека ќе се оствари. Останатото се само шпекулации, знам дека новинарите треба да пишуваат, не можам да влијаам на тоа, но повторувам, верувам дека ќе останам. во Реал Мадрид“, додаде тој.