Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Модриќ: Англичаните не потценуваа, но со тоа само не мотивираа!

Модриќ: Англичаните не потценуваа, но со тоа само не мотивираа!

Една од најголемите ѕвезди на Хрватска и архитектот на историскиот успех на „коцкестите“ Лука Модриќ е воодушевен од историскиот успех и смета дека неговата репрезентација може да го освои златото.

Модриќ после натпреварот се осврна на англиската фудбалска јавност која ги „потценуваше“ изминатите денови и истакна дека тоа за нив било митив плус да ги демантираат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Доминиравме во физичка и ментална смисла. Доминиравме во секој аспект. Новинарите од Англија и стручните коментатори ја потценија Хрватска и тоа беше голема грешка. Само дополнително не мотивираа со глупостите кои ги кажаа. Читавме што пишуваа и си велевме, „ОК, ќе им покажеме кој е уморен“. Треба да бидат поскромни и да покажат поголема почит кон противниците“, истакна Модриќ.

„Одигравме феноменално по примениот гол. Комплетно ги надигравме, посебно во вториот дел, покажавме карактер и остваривме историски успех. Од кога играм фудбал не сум почувствувал вакво нешто. Носам некоја огромна верба во себе, во соиграчите, која ми дава сила и за финалето“, заклучи Модриќ кој на крај истакна дека не го интересира „Златната топка“ туку само победа во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Борусија посвети специјална објава за маестралниот Санчо: Му должите извинување!

Борусија Дортмунд вчера оствари минимална победа во полуфиналето од Лигата на шампионите, …