Холандија и Франција одиграа без голови во дербито од второто коло на групната фаза на Европското првенство.
Сега и двете селекции имаа по четири бода и се уште се во пол позиција за пласман во осминафиналето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот почна во фантастично темпо и во првите дваесетина минута се редеа шанси на двете страни.
Најголемата прилика за Французите ја имаше Адриен Рабио кој излезе сам пред голманот на Холандија, но се реши да го проигрува Гризман.
Во второто полувреме Чави Симонс го совлада Мењан, но голот беше поништен поради офсајд.