Дома Фудбал Останато Многумина го заборавија, но тој не се откажува: Мојата цел е Реал Мадрид!

Многумина го заборавија, но тој не се откажува: Мојата цел е Реал Мадрид!

odegard

Eден од најголемите таленти на норвешкиот фудбал, Мартин Одегард во 2015 година како 16 годишник премина од Стромгест во Реал Мадрид.

Но, неговиот развој не се одвиваше онака како што се очекуваше, па иако денес има само 19 години, многумина се сомневаат дека може да направи голема фудбалска кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата сезона настапуваше за холандски Херневен, во текот на летото се врати во Мадрид и ги помина во припремите, за потоа да биде испратен во Витесе каде што прикажува солидни настапи.

„Задоволен сум, се подобро се вклопувам тука. Неодамна го постигнав првиот гол и тоа многу ми значи. Целта ми е да забележам повеќе голови и асистенции. Секој ден се чуствувам се посилен и подобар. Витесе беше вистинскиот избор“, истакна Одегард.

Припремите ги помина со Реал Мадрид…

„Секако дека се надевав дека ќе добијам место во тимот. Цело лето тренирав и добив одредена минутажа. На крајот во договор со клубот одлучивме дека најдобро е да бидам позајмен. Тоа е најдобро за мојот напредок. Морам да играм и да учам што е можно повеќе. Мојата цел е јасна – Реал Мадрид. Ќе направам се за тоа да се случи. Витесе не е чекор назад, туку чекор напред. Човек мора да остане скромен и да не ја губи надежта. Колку фудбалери на 19 години играат за првиот тим на Реал? Долг е патот, но имам самодоверба’, заврши талентираниот фудалер.

Во досегашниот дел од сезоната тој одигра 11 натпревари во кои запиша гол и две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…