Тимот на Шкендија до 19 години денес на терените на ФФМ го одигра натпреварот против Хајдук во рамките од младинската Лига на Шампионите.
Тетовци претрпе пораз од Хајдук со 0:2. Победата на хрватскиот тим беше заслужена, затоа што од почетокот постојано се играше пред голот на Шкендија, иако посериозни прилики немаше премногу. До водство гостите дојдоа после половина час кога Чуиќ беше егзектурот по една грешка на тетовци на нивната половина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До крајот на полувремето нов гол не видовме.
И во вториот дел гледавме слична слика на теренот. Конечните 0:2 ги постави повторно Чуиќ откако добие една одлична топка од средината на теренот и мајсторски го лобуваше голманот на Шкендија.
Сега Шкендија ќе има прилика за поправен во реваншот во Хрватска, меѓутоа според резултатот и играта која ја видовме денес тешко е да очекуваме дека можат да го свртат резултатот во своја корист.