Дома Фудбал Италија Младата ѕвезда која блеска во Рим и оваа сезона ја воодушеви Италија е навивач на Јувентус (ФОТО)

Младата ѕвезда која блеска во Рим и оваа сезона ја воодушеви Италија е навивач на Јувентус (ФОТО)

Младиот играч за врска на Рома, Николо Заниоло (19) пристигна на „Олимпико“ од Интер на мала врата.

Заниоло пристигна во Рим како дел од договорот за Раџа Наинголан кој премина во Интер, никој од него не очекуваше премногу, но се покажа како големо засливање. Овој 19 годишен фудбалер игра навистина одлично.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Заниоло во овој момент е играч на Рома, но работите во иднина би можеле да се променат. Од шампионот на Италија, Јувентус не кријат дека го следат Заниоло и дека би го довеле со задоволство, а очигледно младиот фудбалер е навивач на „старата дама“.

Тоа стана јасно од неговите објави на социјалните мрежи пред неколку години. Иако тогаш се уште бил дете, тој ги славел победите на Јувентус и го величел Конте и клубот од Торино.

Италијанските новинари ги објавија овие статуси на фудбалерот во медиумите. Секако бидејќи е во минатото навивачите на Рома нема премногу да му замерат, но сигурно нема да му простат ако некогаш во иднина премине во Јувентус.

Според тоа како игра и не би било чудо во наредните сезони Заниоло да заврши во Торино. Рома тешко дека би можела да направи нешто доколку фудбалерот инсистира на трансфер.

Вредноста на Заниоло во овој момент е околу 10 милиони евра. На крајот на сезоната веројатно ќе биде и поголема, но ако Јувентус сака да го доведе парите за „старата дама“ не би требало да бидат проблем.

Заниоло оваа сезона одигра 24 натпревари, постигна пет голови и запиша две асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=UxmLPkwVevA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …