Дома Македонски спорт Михајловски по трансферот на Гурбиндо: Вардар 1961 чекори кон европскиот врв!

Михајловски по трансферот на Гурбиндо: Вардар 1961 чекори кон европскиот врв!

Вардар утрово го потврди трансферот на шпанскиот ракометар Едуардо Гурбиндо кој доаѓа од редовите на Нант.

Гурбиндо се очекува да биде големо засилување за црвено-црните. Така смета и првиот човек на клубот Михајло Михајловски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со ангажирањето на Гурбиндо продолжуваме со засилувања со кои Вардар1961 ќе биде уште поконкурентен во следните сезони. Среќни и задоволни сме што Гурбиндо го препознава квалитетот на Вардар1961 и што сака нов предизвик во кој заедно ќе се обидеме да постигнеме уште подобри резултати. Губрино ќе донесе освежување во нападот и цврстина во одбраната. Ги цениме неговите квалитети и сигурни сме дека веднаш ќе се вклопи во нашиот систем. Засилувањата што досега ги договори Вардар1961 ќе им донесат многу радост на навивачите и верувам дека многу брзо сите заедно ќе можеме да ги поздравиме новите играчи. Очекувам со завршување на пандемијата на Ковид-19 повторно да имаме полна сала, и многу нови компании кои ќе го поддржат Вардар1961 во чекорење кон европскиот врв. Верувам дека како што ние ги одржаваме ветувањата за создавање на нов силен Вардар така и нашите компании ќе го одржат ветувањето да бидат наши партнери кон новите успеси, изјави претседателот на Вардар.

Пред трансфер во Вардар е и македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски – повеќе за ова тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…