Дома Фудбал Италија Михајловиќ тренинзите на Болоња ќе ги води преку интернет

Михајловиќ тренинзите на Болоња ќе ги води преку интернет

Синиша Михајловиќ во вторник го започнува својот најважен натпревар во животот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Михајловиќ и утре ќе започне да се бори против леукемијата. Српскиот тренер утре во болницата во Болоња ќе започне со терапијата.

Тогаш и дефинитивно ќе биде утврдено за каков вид на леукемија станува збор бидејќи и докторот Џани Нани на саботната конференција призна дека не знае точно за кој облик на оваа болест станува збор.

Кога ќе биде познато за кој вид на леукемија станува збор тогаш ќе биде познат и точниот третман.

Како и што потврди претстедателот на клубот, Михајловиќ ќе остане тренер на Болоња. Добар дел од предсезоната веројатно нема физички да биде присутен на тренинзите и истите ќе ги води преку интернетн.

Михајловиќ преку видеотехнологија ќе ги следи тренинзите и ќе разговара со фудбалерите за да остане во тек со се што случува во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дибала сè поблиску до заминување, за неговата замена Рома ќе мора да издвои 55 милиони евра!

Рома бара засилувања во офанзивниот ред бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клуб…