Дома Трансфер зона Михајловиќ проговори за можноста да го донесе Ибрахимовиќ во Болоња

Михајловиќ проговори за можноста да го донесе Ибрахимовиќ во Болоња

Денес Синиша Михајловиќ после четири месеци битка за опасната болест се појави на пресконференција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Покрај многуте теми, Михајловиќ зборуваше и за можноста Златан Ибрахимовиќ да пристигне во Болоња во зимскиот преоден рок.

Италијанските медиуми претходните недели пишуваа дека Михајловиќ и Ибрахимовиќ се во постојан контакт и дека Болоња е заинтересирана да го донесе во своите редови.

„Заинтересиран е, се слушнавме пред еден месец. Ако дојде во Болоња, ако го направи тоа поради нас, пријателството ќе пресуди. Се сложивме да ме извести, без разлика дали доаѓа или да реши да замине на друго место. Тој има многу понуди“, порача Михајловиќ.

Ибрахимовиќ денес изјави дека ја сака Италија, и дека Милано е неговиот втор дом, па наговести враќање во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…