Дома Фудбал Останато Михајловиќ за првиот момент кога дознал дека има леукемија: Мислев дека некој се шегува со мене

Михајловиќ за првиот момент кога дознал дека има леукемија: Мислев дека некој се шегува со мене

mihajlovic

Синиша Михајловиќ доби огромна поддршка во најважната борба во неговиот живот.

Од денот кога српскиот стратег откри дека боледува од леукемија цела Италија е со него и пораки добива од сите страни.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Плачел Михајловиќ кога дознал со што ќе мора да се соочи, но солзите се минато, сега е време да се бори против болеста. Миха веќе започна со терапија. Италијанците пишуваат како актуелниот тренер на Болоња во првиот ден се покажал пред лекарскиот тим.

Михајловиќ им откри на медиумите како реагирал кога дознал за страшните вести.

„Како реагирав? Прво не можев да поверувам, помислив дека некој се шегува. Постои само едно решение – предавање нема! Ќе се борам со сета сила. Во напад, па што биде некаде биде“, искрен беше поранешниот селектор на Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ништо од Баерн – Нагелсман потпиша!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот…