Maкедонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше одлична вечер на голот на Порто во натпреварот против Алборг, сепак тоа не беше доволно да спречи елиминација на португалскиот тим.
Алборг го победи Порто со 24:27, тоа е истата разлика со која Порто победи во првиот натпревар (29:32), но данскиот тим оди помеѓу најдобрите осум поради поголемиот број голови на гости.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Митревски собра 15 одбрани, а дури 12 од нив беа во првото полувреме кога беше на 57% успешност во одбраните.
Херој на Алборг беше Јенсен кој го постави конечниот резултат. Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Клар со шест гола, а кај Порто до истиот број на голови дојде Итуриза Алварез.