Дома Македонски спорт Митревски: Во Алборг да ја повториме играта од вчера, Данска сигурно ќе сака да ни врати

Митревски: Во Алборг да ја повториме играта од вчера, Данска сигурно ќе сака да ни врати

Македонија вчера направи подвиг и ја победи големата Данска на дебито на Кирил Лазаров на селекторската позиција.

Ракометарите немаат многу време за славје и одмор, во недела не чека нов натпревар овој пат против Данска на гости.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Цел свет знае дека Данска е светски и олимписки шампион и дека во последните дваесетина година се неприкосоновена ракометна велесила. Сите знаевме дека ќе ни биди тешко, но бевме мотивирани, одигравме маестрално и без грешка. Сите имавме задача која ја исполнивме, ако не беше така немаше да дојдеме до позитивен резултат. Одговоривме одлично на задачите од Кире и неговите соработници“.

„Играта од вчерашниот натпревар ќе се обидеме да ја повториме и во Алборг. Акпо ја повториме агресивноста мислам дека имаме шанси и верувам дека победата не е случајна. Ги победивме светските шампиони се чувстуваме убаво, но не летаме во облаци, затоа што не чека нов натпревар. Сигурно дека тие ќе се обидат да ни вратат“, изјави Митревски.

Македонија во групата има максимални три победи во исто толку натпревари.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…