Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна два гола во победата на Абердин против Килманрок (4-1).




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Миовски во 24. минута реализираше удар од белата точка, а во 45. минута се запиша уште еднаш во листата на стрелци и зголеми на 3-1.




Абердин постигна уште еден гол во второто полувреме за да ја потврди четвртата победа во шкотската лига, со што се искачи на петтата позиција.




Миовски со седум гола се наоѓа на втората позиција на листата со стрелци, а пред него е само Чолак од Ренџерс и има постигнато осум погодоци.



