Дома Македонски спорт Миовски ги исплаши навивачите на Абердин: Најави ли заминување?

Миовски ги исплаши навивачите на Абердин: Најави ли заминување?

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски игра во одлична форма и со осум гола од почетокот на сезоната е најдобар стрелец на Абердин. Очекувано поради добрите настапи Миовски се поврзува со повеќе клубови, а најсериозен е Селтик.

Навивачите се надеваат дека ќе го задржат барем до крајот на сезоната, меѓутоа последната порака која ја остави Миовски на социјалните мрежи е причина да стравуваат дека тој ќе замине.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Оди самоуверено кон твоите соништа“, објави Миовски.

Судејќи според коментарите на објавата дел од навивачите ова го гледаат како најава за трансфер во поголем клуб.

На последниот натпревар во дресот на Абердин Миовски беше стрелец на два гола со кои донесе победа на Абердин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гигантите чекаат во редот: Болоња има играч од 50 милиони евра

Болоња е апсолутен хит на италијанската Серија А, а доколку избори пласман во Лигата на ша…