Бојан Миовски зад себе има одлична полусезона во дресот на Абердин и на себе го привлече вниманието на повеќе европски клубови. Сега уште едно признание за добрите настапи дојде од легендата на шкотскиот фудбал и поранешен репрезентативец на оваа земја, Крис Бојд.
Првенството на Шкотска е на пауза и повторно натпревари ќе се играат од 27-ми јануари, а во меѓувреме се анализира се што е постигнато до овој момент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Миовски е единствениот играч на Абердин за кого Бојд издвои место во овој тим. Во првата полусезона македонскиот голгетер постигна девет голови и е на третото место на листата стрелци. Абердин од друга страна е на осмата позиција на табелата.