Минатото лето Милан направи вистински „бум“ на трансфер пазарот доведувајќи го во своите редови Леонардо Бонучи, кој конечно под водство на Гатузо започнува да наликува на оној играч од Јувентус.
Според информациите кои ги имаат француските медиуми, Тиаго Силва е на продажба, а Милан би можел да ја искористи оваа ситуација. Капитенот на Пари Сен Жермен им 33 години, но далеку од тоа дека игра просечно.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Силва во овој момент е во одлична форма, а се претпоставува дека ПСЖ би го пушти Бразилецот за сума помеѓу 10 и 15 милиони евра.
Шпекулациите за заминување на Силва започнаа кога не беше во стартниот состав за натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Кинескиот клуб Шангај ШИПГ е заинтересиран, но сигурно дека Милан која наводно се вклучил во трката има поголеми шанси. Бразилецот во минатото го носеше дресот на Милан, а со Милано го поврзуваат само убави спомени.
„Кој знае, можеби еден ден ќе се врати. Во животот се е можно, но за сега тој ужива во Париз“, изјави пред неколку години неговиот менаџер.
Па, можеби тој ден сега се наближува.