Дејан Милосављев покажува дека супер сезоната во која со Вардар ја освои европската круна не била случајност.
Милосављев во Вардар дојде како анонимец за пошироката јавност, но со спектакуларните настапи на голот на Вардар брзо го изгради своето име. За наша жалост после освојувањето на европската круна одлучи да направи трансфер во Германија каде што го носи дресот на Фуксе Берлин.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вчера тој беше херој во германското дерби и победата на Фуксе над Рајн Некар Левен од 23:22. Милосављев успеа да собере 15 одбрани. Посебно внимание привлече онаа во последните секунди со која обезбеди победа.