Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Милинковиќ-Савиќ оптимист: Можеме да го победиме Бразил!

Милинковиќ-Савиќ оптимист: Можеме да го победиме Бразил!

Најголемата ѕвезда во српската репрезентација, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е сигурен дека неговиот тим може да го победи Бразил во третото коло од Мундијалот.

Србија загуби од Швајцарија во второто коло, па сега единствено со победа над Бразил може да се пласира во елиминациската фаза.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ние треба да заборавиме на она што се случи на средбата со Швајцарија. Сега треба да се свртиме на мечот со Бразил кој за нас е меч на животот. Немате многу шанси да играте против Бразил. Со нив имав дуел во Нов Зеланд како член на младинската српска селекција, но сега е нешто друго. Повисоко ниво со повеќе искусни играчи. Сепак, тогаш ги фрустриравме Бразилците и тоа ми дава надеж дека може да успееме“, изјави СМС.

„И Бразил има слабости. Играм со неколку Бразилци во клубот и знам како тие мислат, секој сака да го постигне гол и се со помала концентрација на одбраната. Ние ќе се обидеме да играме со контранапади, бидејќи тие напаѓаат со многу играчи високо. Тука имаме шанса“, заклучи Милинковиќ-Савиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …