Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ неодамна потпиша за Саудиски Ал Хилал, а веќе довчерашниот играч за врска на Лацио покажа зошто клубот потроши толку пари за да го доведе во своите редови.
Иако со години се најавуваше голем трансфер на популарниот СМС од Лацио во еден од најголемите европски клубови, тој на крајот го шокираше фудбалскиот свет со тоа што одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милинковиќ-Савиќ не одолеа на милионите кои му ги понуди Ал Хилал и неодамна потпиша договор со овој клуб.
Тој неодамна дебитираше за Ал Хилал во пријателскиот пораз од Динамо Киев, а Милинковиќ-Савиќ синоќа го имаше вториот настап за својот нов клуб.
Ал Хилал одигра пријателски натпревар против Ал Кувајт и успеа да слави со 4:2, а СМС беше еден од најдобрите играчи на теренот.
Само две минути беа доволни да се запише во листата на стрелците и да покаже какво засилување доби Ал Хилал.
Милинковиќ-Савиќ по одличен центаршут од десната страна погоди со глава за 1:0.
До крајот видовме уште пет гола, а Ал Хилал успеа да победи со 4:2.
Во листата на стрелци се запиша и Рубен Невес, кој летово дојде во клубот од Саудиска Арабија. Невес од пенал постигна гол за конечни 4:2.
Milinkovic-Savic scores his first goal for Al Hilalpic.twitter.com/QnjkxVLZED
— A (@ItsAhmedIndeed) July 23, 2023