Италијанските медиуми ексклузивно пренесуваат дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ го избрал својот следен клуб.
Милинковиќ-Савиќ одби да ја продолжи соработката со Лацио, па на лето ќе влезе во последната година од договорот и клубот ќе мора да го продаде.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот агент, Матија Кежман имал средба со раководството на Јувентус и договорил четиригодишна соработка со плата од 6 милиони евра по сезона.
Познато е дека СМС е примарна цел на „бјанконерите“ кои веќе подолго време работат на трансферот.
Србинот решил да ги одбие понудите од Премиер лигата и кариерата да ја продолжи во Јувентус, а се очекува трансферот да изнесува околу 60 милиони евра.
🚨 Sergej Milinkovic-Savic 🇷🇸 will NOT extend his Lazio contract. Juventus will make an attempt to sign him in the summer. #Juventus
— Football Transfers (@Transferzone00) January 15, 2023
(via @GiovaAlbanese)