Баерн одлично ја започна новата сезона во Лигата на шампионите во која го брани трофејот.
Баварците вчера на „Алијанц Арената“ го декласираа Атлетико Мадрид со 4:0 и така само уште еднаш потврдија дека и оваа сезона ќе бидат кандидат за титулата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа вниманието на шпанските медиуми во овој дуел го сврте Томас Милер. Неговата реакција откако доби жолт картон за стартот над Трпиер е нешто за што се зборува.
Тој играчите на Атлетико наводно ги нарекол најголемите насилници во светот на фудбалот додека протестирал кај судијата Мајкл Оливер.
„Што е ова? Се шегуваш? Играме против најголемите насилници во фудбалот и ти ми даваш жолт картон за ваков прекршок“, наводно биле зборовите со кои Милер се обратил до главниот судија.
Шпанците се навредиле од овие зборови и медиумите од оваа земја многу пишуваат на оваа тема.