Името на Дејан Милосављев вардаровите навивачи уште долго ќе го паметат. Милосављев беше еден од најзаслужните што Вардар минатата година ја освои европската титула.
Милосављев по завршувањето на минатата сезона го напушти Вардар и кариерата ја продолжи во германски Фуксе Берлин.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Германија Милосваљев бранеше одлично, но сега дојде еден непријатен момент, заработи повреда поради која мораше да направи операција.
По направената операција Милосављев се огласи на социјалните мрежи.
„Операцијата помина успешено. Ќе се вратам посилен за сите предизвци. Ракометниот гол е свето место на кој се чуствуваш непобедлив. Меѓутоа кога доаѓаат вакви тешки моменти, мораш да се бориш“, напиша Милосављев.
Треба да се истакне и дека Милосављев беше прогласен за играч на месецот во Бундес лигата во ноември.