Дома Фудбал Милевски: Утре да влеземе со ладни глави и жешки срца, се надевам на полн стадион

Милевски: Утре да влеземе со ладни глави и жешки срца, се надевам на полн стадион

Македонија утре го натпреварот против Исланд кој е последен во квалификациите за Светското првенство во Катар.

По победат против Ерменија и ремито на Романија со Исланд во претходното коло ние добивме прилика сами да решаваме за нашата судбина и со победа утре Македонија ќе биде таа која ќе игра во бараж.

„Не би кажал дека ова е најтежок натпревар, сите натпревари се важни. Не се подготвуваме поинаку во однос на претходните натпревари. Тоа што имаме шанса за бараж не не оптеретува, напротив не мотивира. Секако дека е подобро да решаваш сам, се надевам дека стадионот утре ќе биде полн, тоа ќе биде дополнителен мотив“.

Одличниот натпревар против Ерменија е веќе зад нас.

„Натпреварот со Ерменија зад нас и тоа е минато, така е уште од самото завршување на тој натпревар. Утре не очекува нов, поинаков натпревар. Инсистирам да влеземе со ладни глави и жешки срца“, изјави Милевски.

Натпреварот се игра утре во 18:00 часот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…