Дома Македонски спорт Милевски утре го објавува списокот за натпреварите со Грузија и Бугарија

Милевски утре го објавува списокот за натпреварите со Грузија и Бугарија

Maкедонија на крајот на овој месец ја очекуваат два натпревари во Лигата на Нации против Грузија на гости и Бугарија дома.

Натпреварот против Грузија го играме на 23. септември, а три дена подоцна ја пречекуваме Бугарија. Селекторот на Македонија Благоја Милевски се уште не го објавил списокот на фудбалери на кои ќе смета за овие натпревари, а тоа ќе го направи утре.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Засега е познато дека на него ќе го нема Адис Јаховиќ кој денес објави дека се повлекува од националниот тим, а сигурно ќе биде тука Агон Елези. Повикот на Елези го потврди неговиот клуб, Вараждин. Токму поради тоа Елези не беше повикан од Канатларовски на последниот список на У21 селекцијата.

После четири одиграни кола ние сме на втората позиција во групата со две победи, едно реми и еден пораз, седум освоени бода. Пред нас е Грузија со 10, а зад нас Бугарија со 3 и Гибралтар е последен со еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Карагер „удри“ по ѕвездата на Ливерпул: Треба да биде продаден, тој не е играч за ова ниво!

Фудбалерите на Евертон остварија голема победа во 29. коло од англиската Премиер лига, тие…