Дома Фудбал Даде два гола за победа против тимот на Ангеловски, па доби повик од Милевски во „А“ репрезентацијата!

Даде два гола за победа против тимот на Ангеловски, па доби повик од Милевски во „А“ репрезентацијата!

Maкедонскиот фудбалер од редовите на Вараждин, Агон Елези доби повик од селекторот Благоја Милевски за септемврскиот циклус од Лигата на Нации.

Повикот на Елези го потврдија од хрватскиот клуб. Елези констатно прикажува добри настапи за Вараждин, а повикот доаѓа после двата гола изминатиот викенд со кои неговиот тим ја победи Горица со 2:1.

Македонија ја очекуваат два натпревари во Лигата на Нации во септември, прво на 23. против Грузија, а потоа на 26. против Бугарија.

Во кариерата Елези настапуваше за Скендербег од Албанија и Шкупи, настап за сениорската репрезентација се уште нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барбарез повика 17-годишен голгетер: Во Декет го гледаат наследникот на Џеко

Матеј Декет првпат доби место во сениорската репрезентација на БиХ, откако со головите за …