Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Натпреварот со Австрија е клучен!

Милевски: Натпреварот со Австрија е клучен!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија утре на националната арена „Филип Втори“ против Австрија го игра натпреварот од четвртото коло за пласман на ЕП во Италија.

Селекторот Благоја Милевски вели дека очекува квалитетен натпревар и напомена дека овој дуел може да биде клучен во квалификациите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Австрија е добро анализирана, се подготвивме добро и очекувам да одиграме квалитетен натпревар. Мечот со Гибралтар е веќе заборавен, фокусирани сме максимално на новиот предизвик и се надевам дека ќе ја исполниме целта. Австрија има свои квалитети, тоа е повеќе од јасно, но ние сме фокусирани на нашето издание. Утрешниот дуел може да биде клучен, но потоа имаме уште шест натпревари. Основна цел во овие квалификации е да се подобри рејтингот и да бидеме конкурентни во квалификациите. Притисок секогаш постои и треба да научиме да се носиме со тоа, без оглед дали е позитивен или негативен“, изјави Милевски.

Селекторот за овој натпревар го повика Елиф Елмас, кој изминатите денови со селекцијата до 19 години обезбеди пласман во елитните квалификации за пласман на Европското првенство во оваа старосна категорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…