Дома Фудбал Малдини има нова работа… ама не во Милан

Малдини има нова работа… ама не во Милан

Ништо од враќањето на Паоло Малдини во Милан. Легендата на „росонерите“ од денес има нова работа и потпиша договор со телевизијата „DAZN Italia“ каде ќе има улога на коментатор.

Во последните денови се шпекулираше дека Малдини ќе се врати во Милан и дека новите сопственици му понудиле улога на технички директор.

Меѓутоа од тоа нема ништо. Денес телевизската куќа „DAZN Italia“ официјално објави дека натпреварите од новата сезона во Серија А ќе ги коментира Паоло Малдини.

Споменатата телевизиска куќа ќе пренесува три натпревари неделно од почетокот на новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…