Милан ќе мора да се соочи со нови ограничувања кога станува збор за ФФП доколку и оваа година не обезбеди пласман во Лигата на шампиони.
„Росонерите“ во последното коло ќе мораат да победат против СПАЛ, ни и да се надеваат дека Аталанта против Сасуоло, односно Интер против Емполи дома ќе загубат бодовите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во спротивно Милан на лето ќе мора да продаде некој од своите највредни фудбалери, а најблиску за заминување е Донарума.
„Најдобро ништо да не коментирам“, изјави голманот на Милан.
Но, ако мораат да бираат помеѓу двата најскапи играчи во Милан би го оставиле Ромањоли, а би го продале Донарума, чија цена е околу 60 милиони евра.
Најсилен интерес за младиот голман во моментов покажува ПСЖ, но последните информации се дека Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да испрати богата понуда ако Де Геа си замине од „Олд Трафорд“.