Дома Трансфер зона Милан ја постави цената за Тео Хернандес

Милан ја постави цената за Тео Хернандес

Милан е спремен да слушне понуди за една од најголемите ѕвезди во тимот, Тео Хернандес, пренесува „Калчомеркато“.

Французинот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па е желба на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тео Хернандес има договор со „росонерите“ до 2026 година и е среќен на „Сан Сиро“, но Милан сепак е спремен да слушне понуди.

Доколку пристигна понуда од 80 милиони евра како минатото лето за Тонали, „росонерите“ се спремни да ја прифатат.

Најсилен интерес за Французинот покажува ПСЖ, кој нема да жали пари е и спремен да ја плати сумата која што ја бара Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…