Дома Трансфер зона Милан ја отвора излезната врата на тројца фудбалери

Милан ја отвора излезната врата на тројца фудбалери

Милан денес и официјално го продолжи договорот со Џенаро Гатузо, кој ќе остане на клупата до 2021 година и веќе почна да прави планови за следната сезона.

Имено, „росонерите“ ова лето планираат да донесат квалитет, а не квантитет како минатото лето, па се очекува на „Сан Сиро“ да пристигнат три големи засилувања, покрај веќе договорените два трансфери на Стриниќ и Реина.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека Милан ќе се ослободи од неколку фудбалери на кои Гатузо нема да смета следната сезона.

Станува збор за Лука Антонели, кој ќе биде заменет од Стриниќ, потоа Никола Калиниќ, кој не ги исполни очекувањата и Матео Мусакио кој има одиграно само 6 минути во 2018 година.

Сигурно продаден ќе биде и Бертолачи, кој на лето ќе се врати од позајмицата во Џенова, а многу веријатно и младиот Локатели ќе биде испратен на позајмица за да има поголема минутажа.

Се уште не е јасна иднината на Донарума, бидејќи клубот една година е во „војна“ со неговиот агент Мино Раиола. Италијанските медиуми тврдат дека големи се шансите „росонерите“ да го продадат ова лето, но само доколку пристигне понуда од 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…