Дома Трансфер зона Милан ја засилува одбраната со играч на Манчестер Јунајтед

Милан ја засилува одбраната со играч на Манчестер Јунајтед

Спортскиот директор на Милан, Леонардо ќе има доста работа да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

Леонардо веќе активно работи на нови засилувања, особено поради големиот број на повредени фудбалери. „Росонерите“ се соочуваат со големи проблеми бидејќи надвор од тимот се Ромањоли, Мусакио, Калдара, Биглиа и Бонавентура.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради сериозните проблеми во одбраната основната цел на клубот е централен дефанзивец. Италијанските медиуми тврдат дека Милан се насочил кон играчот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи.

24-годишниот дефанзивец е во немилост на Мурињо оваа сезона и добива многу мала минутажа. Милан сака да ја искористи таквата ситуација и ќе се обиде да го донесе Баи на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп.

Олеснителна околност за „росонерите“ може да биде што агент на дефанзивецот е Мино Раиола, кој е во одлични односи со новото раководство на Милан.

https://youtu.be/2b7mg9LdHVw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…