Италијанскиот гигант Милан го договори првото засилување за новата сезона, а станува збор за талентот на Лион, Пјер Кулулу.
Кулулу е капитен на младата француска репрезентација и важи за еден од најголемите таленти. Него му заврши договорот со Лион и реши да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан успеа да ја победи конкуренцијата и се договори со младиот талент, кој игра на позицијата десен бек.
„Екип“ пренесува дека Паоло Малдини лично го убедил 20-годишниот Французин да се пресели на „Сан Сиро“, иако имал понуда и од Баерн Минхен.
Кулулу утре ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на 5-годишен договор.