Милан е во потрага по засилување во нападот, а последното име на списокот на „росонерите“ е белгискиот репрезентативец Јаник Караско.
Бившиот фудбалер на Атлетико Мадрид моментално настапува во кинески Далиан, но сака повторно да се врати во Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат Караско во јануари на „Сан Сиро“.
Голем проблем за реализација на трансферот би можело да преставува големата плата на Караско, кој во Кина заработува 10 милиони евра. Наводно, фудбалерот е спремен да прифати помала плата за да се врати во Европа.
25-годишниот Белгиец би бил идеално засилување за Гатузо бидејќи може да игра како крилен напаѓач, но и позади Гонзало Игуан како втор напаѓач.
#Milan – #Carrasco è un'idea concreta ???https://t.co/hqDS26h1EW
— calciomercato.it (@calciomercatoit) January 2, 2019