Дома Трансфер зона Милан тргнува по ѕвезда на Бенфика

Милан тргнува по ѕвезда на Бенфика

Милан е е во потрага по квалитетен играч за врска, а италијанските медиуми пренесуваат дека започнати се преговори со Бефика за трансфер на Флорентино Луис.

20-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите таленти во Европа и веќе е незаменлив дел од лисабонскиот тим, а има откупна клаузула од 120 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јасно е дека Милан нема намера да ја плати клаузулата, но Бенфика за својот „бисер“ бара 50 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е спремен како дел од договорот да го вклучи Лукас Пакета, за кого Бенфика покажува сериозен интерес.

Цената на Бразилецот во моментов изнесува 40 милиони евра, па се очекува двата клуба брзо да ја формулираат трампата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…