Дома Топ вести Милан тргнува по ѕвездата на Ливерпул

Милан тргнува по ѕвездата на Ливерпул

Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеита на крајот на сезоната влегува во последната година од договорот, но нема намера да преговара со Ливерпул за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“.

Кеита не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата која ја добива, па е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој во Кеита гледа идеална замена за Франк Кеси, кој заминува на крајот на сезоната.

Многу европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис, па Милан ќе има сериозна конкуренција, меѓутоа „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…