Играчот на Ливерпул, Наби Кеита кариерата би можел да ја продолжи во Серија А.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, овој 25-годишен играч од средниот ред е на излезните врати во Ливерпул, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кеита во 2018 година од Лајпциг за 60 милиони фунти пристигна во Ливерпул, но не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.
Милан сака да го засили средниот ред и веќе стапил во контакт со агентот на Кеита. „Росонерите“ ќе испраат понуда за позајмица до крајот на сезоната со право на откуп следното лето.