Дома Трансфер зона Милан тргнува по ѕвездата на Вулверхемптон

Милан тргнува по ѕвездата на Вулверхемптон

Вулверхемптон доминантно се пласираше во Премиер лигата, а неколку фудбалери го привлекоа вниманието на многу европски гиганти.

Една од најголемите ѕвезди на овој тим секако е португалскиот играч за врска Рубен Невеш, кој одигра фантастична сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 21-годишен плејмејкер го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најконкретен интерес за неговиот потпис покажува италијански Милан.

Наводно „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш и веќе почнале преговори за негов трансфер на „Сан Сиро“.

Португалецот минатото лето пристигна во Вулверхемптон за 17 милиони евра, а моментално неговата цена се движи помеѓу 30 и 35 милиони евра.

Милан сака да го комплетира трансферот пред почетокот на Светското првенство, бидејќи на Мундијалот неговата цена може додатно да се зголеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …