Милан е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.
Новопечениот репрезентативец на Белгија блеска во дресот на Бриж и сигурно ќе ја промени средината за време на летниот преоден рок бидејќи е мета на голем број европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти па Малдини сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе во Милан.
Белгиецот е офанзивен играч за врска, кој може да игра и како крило, а оваа сезона на 29 меча постигна 12 гола и запиша 7 асистенции.
Бриж за неговата слобода бара 30 милиони евра, но „росонерите“ ќе се обидат да ја намалат оваа сума преку преговори.