Дома Фудбал Милан тргнува по младата холандска ѕвезда

Милан тргнува по младата холандска ѕвезда

Милан е заинтересиран за младата ѕвезда на АЗ Алкмар, Мајрон Боаду, пренесува Тутоспорт.

Се работи за фудбалер кој игра во нападот, има само 19 години, а оваа сезона едноставно експлодираше.

Боаду постигна 20 голови за АЗ и запиша 13 асистенции што го направи еден од најголемите потенцијали на холандскиот фудбал. Ако на тоа додадеме дека за репрезентацијата веќе настапи на еден натпревар и постигна гол, тогаш е јасно дека се работи за играч од кој се очекува многу.

Младиот Боаду на трансфер пазарот вреди 18 милиони евра, но се претпоставува дека АЗ за неговите услуги ќе бара многу повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хисејини избра 14 футсалци: првиот тест во главната рунда е во Вантаа

Македонските футсалци на 10 ноември ѝ гостуваат на Финска во квалификациите за СП 2028. Во…