Mилан го договори и петтото засилување ова лето. Откако претходно пристигнаа Спортиело, Лофтус-Чик, Пулишиќ и Лука Ромеро, „росонерите“ го договорија Тијани Рејндерс од АЗ Алкмар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Долго време Милан водеше преговори, скоро еден месец, а според последните информации сега договорот е постигнат. Милан на холандскиот тим ќе му плати сума од 23 милиони евра.
Претходно Милан, на Челси му плати 20 милиони евра со бонуси за Лофтус-Чик, а 22 милиони за Кристијан Пулишиќ.
Договоорт кој Рејндерс ќе го потпише со Милан ќе биде со важност до 2028 година, соработката ќе биде официјализирана откако ќе бидат завршени лекарските прегледи. Платата на Рејндерс во Милано ќе изнесува 1.8 милион евра.