Дома Топ вести Милан тргнува по големиот талент на Барселона

Милан тргнува по големиот талент на Барселона

Тимот на Милан е апсолутен хит во Серија А, и моментално се наоѓа на врвот на табелата, без ниту еден пораз сезонава.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Росонерите“ сакаат додатно да го засилат тимот во зимскиот преоден рок, со цел до крајот на сезоната да се борат за врвот во Серија А, но и Лига Европа.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини веќе започнал преговори за талентот на Барселона, Рики Пуиг.

Пуч важи за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но не добива доволном минутажа кај Куман е и спремен да ја промени средината. Милан сака да го донесе на „Сан Сиро“ на позајмица со задолжителен откуп за 13 милиони евра.

На Барселона и се потребни финансиски средства и е спремна да ја прифати понудата, но сака во договорот да стави бај-бек клаузула за да може да го врати Пуиг во наредните две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…