Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот ова лето, а италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ спремаат уште четири засилувања до крајот на преодниот рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Приоритет ќе биде доведување на плејмејкер што треба да биде замена за Чалханоглу, а „Кориере дело Спорт“ тврди дека најблиску е хрватскиот репрезентативец Никола Власиќ од ЦСКА.
Милан сака да донесе уште и десен бек и преговара со Манчестер Јунајтед за Диого Далот, а ќе биде доведен и уште еден играч за врска како алтернатива за Кеси.
Најголемо засилување треба да пристигне на десната крилна позиција каде тренерот Пиоли не е задоволен од Кастиљехо. Најголеми желби се Берарди од Сасуоло и Хаким Зијех од Челзи.
Милан од почетокот на преодниот рок ги доведе Мањан, Жиру и Бало Туре, а ги откупи договорите на Томори, Тонали и Брахим Дијаз.