Раководството на Милан веќе разботи за засилување на тимот за новата сезона, а веќе е јасно дека „росонерите“ ќе добијат и нов тренер.
Германскиот стратег Ралф Рагник треба да седне на кормилото на Милан и веќе составил листа од пет засилувања за следната сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Спортмедиасет“ пренесува дека Милан сака да донесе еден централен дефанзивец, десен бек, двајца играчи за врска и еден напаѓач, а веќе ги откри и имињата.
Прва желба во одбраната е Никола Миленковиќ од Фиорентина. Србинот се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, а неговата цена во моментов изнесува 30 милиони евра.
„Росонерите“ се во преговори со неговиот агент Фали Рамадани, кој е агент и на Лука Јовиќ, кој е на излезна врата од Реал Мадрид и би требало да биде засилување за нападот.
Во средниот ред најголема желба на Рагник е играчот на Салцбург, Доминик Собоцлај чија цена изнесува околу 20 милиони евра. Преговорите се во напредна фаза и за младата ѕвезда на Бенфика, Флорентино Луис.
Што се однесува до десната бековска позиција „росонерите“ веќе работат на трансферот на Думфрис од ПСВ чија цена изнесува 15 милиони евра.