Денес се одржа ждребот за осминафинале од Лига Европа и донесе големо дерби помеѓу европските гиганти Милан и Арсенал.
Два од фаворитите ќе ги одмерат силите уште во осминафиналето, а од Милан се задоволни со ждребот и тврдат дека ова е вистински момент за таков дуел.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Жал ни е за „топџиите“. Се шегувам, нормално. Среќен сум што ќе можеме да играме против така голем клуб. Тоа ќе бидат фантастични дуели. Ние сме во позитивен период и сметам дека ова е вистински момент за еден така голем дуел. Се надеваме на голема поддршка од трибините“, изјави спортскиот директор на Милан, Масимо Мирабели.