Сергеј Милинковиќ-Савиќ е на мета на многу европски гиганти, па на лето е спремен да направи чекор напред во кариерата.
Српскиот репрезнетативец има договор со Лацио до 2024 година, но неговиот менаџер потврди дека ова лето сака да направи трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За неговиот потпис силен интерес покажуваат Јувентус, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а сега во трката се вклучи и Милан.
„Росонерите“ се очекува наскоро да добијат нови сопственици, арапскиот фонд „Инвесткорп“, кој е спремен да издвои голема сума за засилувања.
Лацио за слободата на СМС бара 70 милиони евра, сума која за Милан нема да биде проблем откако ќе добие нови сопственици.
📰 #Tuttosport: #PSG, #Juventus, #ManchesterUnited and AC Milan are interested in Sergej #MilinkovicSavic. If Milan win the #Scusetto and #Investcorp have the budget the player could be an option. pic.twitter.com/riiVZiaU8c
— Milan Posts (@MilanPosts) May 3, 2022