Дома Трансфер зона Милан пронајде напаѓач, а за него ќе треба да плати 50 милиони евра?

Милан пронајде напаѓач, а за него ќе треба да плати 50 милиони евра?

Eкипата на Милан веќе размислува за летниот преоден рок, поточно за тоа што ќе прави кога во прашање се засилувањата.

Италијанскиот гигант има за цел да доведе напаѓач кој би бил замена за Оливиер Жиру. Жиру и Јовиќ остануваа без договор на крајот од сезоната и станува јасно дека клубот ќе бара негова замена.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ објави дека Милан сака да го доведе соиграчот на Елмас од Лајпциг, Бењамин Шешко. Станува збор за фудбалер кој има 20 години и многумина го споредуваат со Халанд бидејќи како и Норвежанецот започна во Салбзург, а сега во Лајпциг.

Лајпциг го проценува на сума од околу 50 милиони евра и останува да се види дали Милан ќе успее да дојде до неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…