Белгискиот репрезентативец Јаник Фереира Караско призна дека му недостасува играњето во Европа и најави дека наскоро би можела да заврши неговата авантура во Кина.
Караско играше за Монако и Атлетико Мадрид и би можел да се врати во Европа, овој пат во Серија А.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за Белгиецот и наскоро ќе има состанок со неговиот агент.
„Росонерите“ се во потрага по крилен фудбалер, кој може да биде замена за Сусо, и во Караско гледаат идеално засилување, а самиот фудбалер инсистира да се врати во Европа.
„Ми недостасува Европа, но јас имам договор во Кина. Во последните денови од преодниот рок клубот не дозволи да си заминам. Сепак, јас се надевам дека ќе можам да го направам тоа наскоро и нешто поконкретно ќе се реализира“, истакна Караско.